Утрински Весник
Спорт

Македонски маунтинбајк тим по првпат на една од најзначајните етапни трки во светот

Македонски маунтинбајк тим по првпат на една од најзначајните етапни трки во светот
300x250 (7)

Тимот на велосипедскиот клуб „Енерџи“ од Скопје, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, од 20 до 24 април ќе посегне по освојување на предизвикот наречен ,,4 Острови” во Хрватска, етапна трка што се смета за една од најзначајните во светот.

Класифицирана како S1 категорија според Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI), претставниците на ВК „Енерџи“ за пет дена ќе поминат околу 270 километри со вкупна елевација од 5.000 метри, минувајќи низ исклучителни технички патеки, сериозни искачувања и предизвикувачки спустови низ островите Крк, Раб, Црес и Лошињ.

Ss1

,,4 Острови” е уникатен натпревар за лиценцирани велосипедисти на кој досега учествувале претставници од преку 33 земји од светот меѓу кои и професионалната маунтинбајк елита.

Љубиша Кондев е актуелен и повеќегодишен државен првак во планински велосипедизам во Македонија, познат по бројните титули освоени на натпреварите организирани во Словенија, Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Италија. Кондев е еден од првите Македонци евидентиран на ранг листата на Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI) и тренер по велосипедизам со сертификат UCI Level 2.

Дуња Иванова е актуелен државен првак на Македонија во планински велосипедизам, како и во категориите друмско-ридски, хронометар и велокрос.

Подготовките за престојната трка ,,4 Острови” велосипедистите ги вршат под водство на тренерот Дејан Новковски.

> Македонски маунтинбајк тим по првпат на една од најзначајните етапни трки во светот <

Ss1

Можете да прочитате

Алкараз обвинет за местење натпревари

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен