Утрински Весник
Македонија

Македонија скокна за 33 места на глобалниот индекс за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Северна Македонија бележи скок од 33 места на глобалниот индекс за слободата на медиумите за оваа година на „Репортери без граници“. Сега земјава се наоѓа на 57. место во споредба со лани кога го зазеде 90. место.

Од регионот, подобро се рангирани Хрватска, Словенија, а зад нас се Косово, Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција.

Хрватска е единствената од опкружувањето што се наоѓа во категоријата држави каде ситуацијата е оценета како „задоволувачка“.

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави напредокот, и им се заблагодари на ноцинарите за нивната работа.

„Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа и да им порачам да продолжат професионално да ја работат својата работа. Не така одамна бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување. Владата на СДСМ во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници, негувајќи ја слободата на изразување како клучно право и вредност во општеството“, наведе Ковачевски.

Можете да прочитате

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска