Утрински Весник
Македонија

Македонија на второ место во регионот по стапката на смртност од Ковид-19

МВР: Казни за 432 лица за неносење маски

Македонија е на второ место во регионот по стапката на смртност од Ковид-19, објави црногорската агенција МИНА, која објавува официјални податоци од здравствените власти во државите.

Најголема стапка на смртност има во Словенија, а на трето место е Косово.

Стапката на смртност во Словенија е 4,69 проценти, во Македонија 3,99 проценти, на Косово 3,84 проценти, во Албанија 2,96 проценти, во БиХ 2,95 проценти и во Србија 2,27 проценти.
Стапката на смртност во Црна Гора е 1,97 проценти, а во Хрватска 1,86 проценти.

Македонија е на трето место од земјите во регионот по бројот на активни случаи на коронавирус на милион жители. На прво место е Црна Гора, а на второ е Косово, објави црногорската агенција МИНА.

Во Црна Гора има 7.503 заразени на милион жители, 7.342 во Косово и 7.175 во Македонија.

На четврто место е Босна и Херцеговина со 5.578, следат Србија со 4.480, Албанија со 3.222, Хрватска 2.417 и Словенија со 1.369 заразени на милион жители.

Најголем број хоспитализирани на 100 илјади жители се регистрирани во Косово, по што следат Црна Гора и Македонија.

Во Косово се регистрирани 20 хоспитализирани на 100 илјади жители, во Црна Гора 18, во Северна Македонија 15, а во Србија девет хоспитализирани на 100 илјади жители.

Најмногу тестирани на еден милион жители има во Србија, 131.889 на милион жители, на второ место е Црна Гора со 77.992, а на трето место е Словенија со 76.267.

На четврто место е Македонија со 70.674 тестирани на милион жители, по што следат БиХ со 51.669, Хрватска со 40.617 и Албанија со 21.255 тестирани на милион жители.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи