Утрински Весник
Македонија

Мисовски: Maло сутра дека оваа влада ќе падне веднаш

Мисовски: Maло сутра дека оваа влада ќе падне веднаш

Во третото продолжение на седницата за избор на влада, попладнево пратеникот од НСДП Горан Мисовски на крајот од своето излагање во стилот на Стевчо Јакимовски кој велеше „не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“, на српски јазик порача дека новата влада ќе трае.

„Оваа влада ќе трае, мало сутра дека ќе падне веднаш. Четиригодишен мандат ни е обезбеден“, рече пратеникот Мисовски чии зборови едвај се слушаа од галамата во Собранието што ја правеа пратениците револтирани од неговиот говор.

Тој ги пофали досегашните реформи спроведени под водство на Зоран Заев и рече дека новиот мандат е можност да продолжат со реформите. Од ВМРО – ДПМНЕ очекува во наредниот период демократизација во идеолошкиот дел со напуштање на класичниот национализам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Македонија треба да има една изборна единица

Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

Зајкова: Целата манипулација за Изборниот законик ја плаќаат граѓаните, додека ги гледаат и ги лажат во очи