Утрински Весник
Спорт

Македонија води со 4:0 против Гибралтар по првото полувреме

Фудбалската репрезентација на Македонија има убедливо водство од 4:0 по првото полувреме на натпреварот против Гибралтар, во четвртото коло од Лигата на нации. Квалитетот е убедливо на страната на избраниците на Благоја Милевски на овој меч.

Енис Барди го отвори резултатот во четвртата минута од слободен удар, а десет минути подоцна асистираше за погодокот на Бојан Миовски со удар со глава.

Напаѓачот беше стрелец и на третиот гол, додека четвртата реализација ја имаше Дарко Чурлинов во 31.минута од мечот.

> Македонија води со 4:0 против Гибралтар по првото полувреме <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk