Утрински Весник
Култура

„Македоника литера“ наскоро со пет книги за деца од Шен Шиси

„Македоника литера“ наскоро со пет книги за деца од Шен Шиси
Ss2

„Македоника литера“ од Скопје наскоро ќе објави серија од пет книги за деца и млади од Шен Шиси, најпродаваниот кинески писател за деца и еден од најпродаваните современи писатели за деца во светот.

Само во Кина неговите дела се продадени во повеќе од 60 милиони примероци. Серијата ги содржи најпознатите новели на Шиси, кои повеќето се наградувани и филмувани. Во своите дела тој пишува за животните, а неговите искрени, реалистични и трогателни приказни се подеднакво популарни и кај возрасните читатели.

Шен Шиси (1952) во кинеската литература е познат како „кралот на приказните за животни“. Пишува за хуманите односи меѓу животните и луѓето и за хармоничната врска меѓу човекот и природата. Тој е повеќекратен добитник на највисоките награди за литература за деца во Кина. Негови дела се преведени на повеќе јазици.
„Македоника литера“ оваа серија ја објавува во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина, со кого веќе заеднички објавија и 13 тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“.

Пред неколку месеци „Македоника литера“ објави две ремек-дела“ на Шиси – „Мајката чакал Скарфејс“ (роман) и „Лисицата трговец“ (раскази).

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“