Утрински Весник
Свет

Маж од Тенеси си го убил целото семејство

Маж од Тенеси си го убил целото семејство

Неименуван 32-годишен маж ги убил сопругата и двете ќерки, а потоа ладнокрвно повикал полиција и ја известил што направил.

Набрзо патролата стигнала до куќата во Гудлетсвил, каде мажот извесно време преговарал со полицијата, но потоа одекнал истрел. Полицијата ја скршила вратата и затекнала ужасна глетка – шестгодишно девојче мртво лежело во спалната соба, а нејзиниот татко во дневната.

Во останатите простории биле пронајдени тешко ранети мајката и другата ќерка, кои итно биле префрлени во болница, но за жал и двете им подлегнале на повредите. Масакрот го преживеале само две кучиња кои семејството ги чувало во дворот.

Не се знае кој бил мотивот на ужасната трагедија, но соседите рекле дека од таа куќа „често се слушале пукотници“.

Еден од најблиските соседи дал чудна изјава во полиција, велејќи дека постојано ги слушале истрелите но дека не се загрижиле бидејќи „семејството изгледало среќно“.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината