Утрински Весник
Свет

Мадуро ја продолжи вонредната состојба

Мадуро ја продолжи вонредната состојба

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец поради коронавирусот.

Тој истакна дека ублажувањето на одделни мерки ќе почне постепено од денеска.

Тој 7-7 систем значи дека една недела ќе биде карантин, а друга ублажување на мерките, како и дека ублажувањето во одделни делови на земјата ќе биде побавно поради епидемиолошката ситуација.

Првиот случај на коронавирус во Венецуела е забележан на 13 март, а истиот ден е воведена и вонредната состојба.

Мадуро на 17 март ги затвори границите на земјата, но затвори и градови.

До денеска во Венецуела заразени со над 25.000 луѓе, а починале 220.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украински напад врз Русија, тројца загинати

Калас: Затворањето на Ормускиот теснец е опасен преседан

Поради односите со Трамп, НАТО сака да го укине годишниот самит