Утрински Весник
Спорт

Маверик Вињалес од следната сезона во Априлија

Маверик Вињалес од следната сезона во Априлија

Шпанскиот мото-возач Маверик Вињалес (26) од наредната сезона ќе вози за екипата на Априлија, во МотоГП шампионатот, објавено е денеска.

Вињалес, кој моментно е член на тимот на Јамаха со новиот тим договорил едногодишна соработка со можност за продолжување.

Друштво ќе му прави уште еден Шпанец – Алеш Еспаргаро.

Со доведувањето на Вињалес екипата ќе добие возач кој има 9 победи во Кралската класа, а покрај тоа и 13 пол-позиции и 28 подиуми. Двапати сезоната ја завршуваше како третопласиран во ГП.

„Многу сме среќни што може да објавиме дека го доведовме Вињалес, еден од најголемите таленти во премиерната категорија. Нашиот проект е збогатен со вредностите кои Маверик ги носи“ рече меѓудругото првиот човек на тимот, Масимо Ривола.

> Маверик Вињалес од следната сезона во Априлија <

Можете да прочитате

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен

УС опен го зголеми наградниот фонд – за шампионите под 5,5 милиони долари, за прво коло-140.000

Македонските спортисти тргнуваат во битка за медали – рекордна делегација на Игрите во Таранто