Финансиски моќниот азербејџански клуб Карабаг ќе биде противник на македонскиот претставник во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите и ќе претставува вистински подвиг клубот од Кратово да се пласира во наредното коло.
Поради корона вирусот, наместо два меча, дома и на гости, ќе се игра само еден меч на 18 или 19 август. Победниците влегуваат во второто квалификациско коло, додека поразените влегуваат во второто квалификациско коло на Лига Европа.
Карабаг е клуб формиран во 1987 година, а од 1992 година се членови на Премиер лигата на Азербејџан, и следната година ја освојуваат првата од своите осум национални титули. Карабаг е официјално домаќин во Агдам, град кој се наоѓа под окупација на Ерменија по војната во Нагорно Карабах, и своите мечеви ги игра во престолнината Баку. Тие имаат седум азербејџански титули во низа и во 2017 година играа во натпреварите по групи во Лигата на шампиони.
ЛШ, 1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 18/19 АВГУСТ
КАРАБАГ (Азе) – СИЛЕКС (Мкд)
Ференцварош (Унг) – Ѓургарден (Шве)
Селтик (Шко) – КР Рејкјавик (Исл)
Легија Варшава (Пол) – Дрита (Кос)/Линфилд (СИр)
Шериф (Мол) – Фола Еш (Лук)
Конахс Квеј (Вел) – Сараево (БиХ)
Црвена звезда (Срб) – Еуропа (Гиб)
Будуќност Подгорица (ЦГо) – Лудогорец (Буг)
Арарат-Арменија (Ерм) – Омонија (Кип)
Флоријана (Мал) – ЦФР Клуж (Ром)
Макаби Тел-Авив (Изр) – Рига (Лет)
Динамо Тбилиси (Гру) – Тирана (Алб)
Динамо Брест (Блр) – Астана (Каз)
Молде (Нор) -КуПС Куопио (Фин)
Флора Талин (Ест) – Судува (Лит)
Целје (Сло) – Дандалк (Ирс)
КИ (Фар) – Слован Братислава (Свк)
> ЛШ тест за Силекс против азербејџанскиот Карабаг <