Утрински Весник
Спорт

ЛШ: Звезда испадна на пенали на Кипар, Омонија против Олимпијакос

ЛШ: Звезда испадна на пенали на Кипар, Омонија против Олимпијакос

Кипарскиот шампион Омонија Никозија ја исфрли Црвена звезда во квалификациите за Лигата на шампионите, откако по 1:1 ремито по 120 минути, во пенал серијата домаќините беа поуспешни.

Диего Фалчинели во третата пенал серија и Милош Дегенек во четвртата не успеаја да го совладаат противничкиот голман, за да дозволат Омонија да стигне до 4:2 победа на пенали и дуел со грчкиот Олимпијакос во плејофот во ЛШ.

Чехот Михаел Луфтнер во 31. минута од мечот се најде на вистинското место по еден корнер за Омонија, и по несмасната реакција на одбраната на српскиот шампион, пред во 45. минута, Мирко Иваниќ да израмни на 1:1 по одличното нафрлање на Бен.



> ЛШ: Звезда испадна на пенали на Кипар, Омонија против Олимпијакос <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија