Утрински Весник
Спорт

Лука Дињ се сели во Астон Вила

Лука Дињ се сели во Астон Вила

Стивен Џерард, донесе уште едно звучно име во Астон Вила. По Филипе Кутињо, дресот на Вила ќе го облече и Лука Дињ. Англиските медиуми тврдат, дека Астон Вила во трката за потписот на францускиот репрезентативец, извојувале победа пред Челси, Њукасл и Вест Хем.

Евертон ја прифатиле понудата за Дињ, бидејќи фудбалерот сакал да игра во тимот на Џерард. Неофицијално, Астон Вила, по завршувањето на сезоната ќе има обврска да го откупи Дињ за 30.000.000 евра.

Дињ, изминатите две сезони, беше еден од најстандарните играчи во тимот на Евертон. Неговиот статус се смени со доаѓањето на Рафаел Бенитес на тренерската позиција. Односите помеѓу левиот бек и тренерот биле исклучително лоши, поради што тој побарал да го напушти клубот.

Лука Дињ е играч на Евертон од 2018 година. Евертон на Барселона за неговиот трансфер и плати 20.000.000 евра.

> Лука Дињ се сели во Астон Вила <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет