Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Устав не се пишува на улица

Лукашенко и покрај протестите именуваше нов премиер и членови на влада

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко се сретна со поранешниот претседателски кандидат, Виктор Бабарико и други уапсени претставници на опозицијата.

Тие се собраа за да разговараат за уставните реформи.

„ Устав не може да се пишува на улица“ рекол Лукашенко.

Тој изјавил дека во истражниот затвор разговарал четири ипол часа со претставниците на опозицијата, пренесе ТАСС.

Новинската агенција Белта пренесе дека целта на белорускиот претседател била да ги сослуша сите мислења, како и дека учесниците заеднички одлучиле дека деталите од разговорот ќе ги држат во тајност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија