Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лукашенко: Седум лица се уапсени, планирале терористички напад

Лукашенко: Седум лица се уапсени, планирале терористички напад
Img 7972

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко соопшти дека во таа земја се уапсени седум лица кои подготвувале терористички напад, додека едно лице успеало да побегне, пишуваат медиумите во регионот.

Тој прецизира дека Министерството за внатрешни работи на Белорусија го информирало дека осомничените биле уапсени вчера во попладневните и вечерните часови.

„Тие подготвуваа терористички напад, а ние гледавме и чекавме да го направат тоа пред камерите. Тие снимаа се“, рече Лукашенко.

Додаде дека нападите биле подготвувани против државните службеници, особено оние кои се вработени во обвинителството, како и против судии.

Тој рече дека ќе биде фатено и лицето кое било во бегство.

„Изгледа дека побегнал во Русија. Ќе ни го вратат“, рече Лукашенко.

Можете да прочитате

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ