Утрински Весник
Свет

Лукашенко: „Русија го надмудри НАТО“

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја изрази својата поддршка за одлуката на Русија да започне „специјална воена операција“ во Украина, пренесува руската новинска агенција Тас.

dobivaj vesti na viber

„Ја поддржувам Русија. Не само затоа што имаме сојуз со Русија и не само затоа што сме законски обврзани да го сториме тоа врз основа на договор со Русија. Ова е познат факт веќе некое време, ова е нашата доктрина“, рече Лукашенко во интервју за АФП.

„Да не ги надмудри Русија членките на НАТО, тие веќе ќе се организираа и ќе и зададеа удар“, коментирал претседателот на Белорусија.

Можете да прочитате

ММФ: Развиените земји мораат да го намалат долгот поради растот на трошоците за задолжување

Трамп во јули направил повеќе од 1.000 берзански трансакции, вредни до 270 милиони долари

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт