Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Знаете што ќе се случи – најмалку граѓанска војна

Лукашенко: Знаете што ќе се случи – најмалку граѓанска војна

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко предупреди дека се можни судири во земјата.

„ Ако почнете грубо да ја наметнувате својата волја едни на други, знаете што ќе се случи. Најмалку граѓанска војна. Но, не грижете се, тоа нема да се случи“ рекол Лукашенко, обраќајќи се на локалното население во Барановичах, пренесе Спутник.

Тој нагласил дека не го интересира власта, туку дека не сака алтернативни сили да ја распарчат земјата.

Во Белорусија се одржуваат протести на опозицијата која не ја признава изборната победа на Лукашенко, на претседателските избори на 9 август.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парамаунт ја тужи управата на Ворнер Брос за да го блокира спојувањето со Нетфликс

Зеленски бара финализирање на документот за безбедносни гаранции од САД

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок