Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лукашенко за ескалацијата со мигрантите: „Не сум луд – знам што би значела војна среде Европа“

Лукашенко за ескалацијата со мигрантите: „Не сум луд – знам што би значела војна среде Европа“
300x250 opst2

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во вчерашното интервју за рускиот весник „Национална одбрана“ ја коментираше актуелната тензична ситуација на границата со Полска.

„Свесни сме за се, не ја напаѓаме Полска, но нема да паднеме на колена“, вели тој.

Лукашенко рече дека испраќањето војска на границата е обид на Полска за заплашување.

Истовремено медиумите потсетуваат на состојбата со мигрантите, за што, како што пренесуваат, Варшава испрати војници поради зголемениот број мигранти кои се обидуваат да ја преминат полската граница од правец на Белорусија. Полска, од друга страна, тврди дека белоруските војници се од другата страна на границата.

Варшава, како што пишуваат светските медиуми, тврди дека Белорусија намерно ги користи мигрантите „како оружје“ и забележува дека вистинскиот менаџер на оваа „асиметрична војна“ е всушност Москва, а не Минск.

Можете да прочитате

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп