Утрински Весник
Свет

Европската комисија: Нашите пари не можат да се користат за поставување на бодликави огради

Европската комисија: Нашите пари не можат да се користат за поставување на бодликави огради

Европската комисија соопшти дека нејзините средства може да се користат за финансирање на граничната инфраструктура, но не треба да се инвестираат во поставување огради или бодликава жица.

Според новинарските извештаи, илјадници мигранти заглавени во Белорусија се собраа на границата со Полска, каде оградите од бодликава жица и полските војници постојано им го блокираа влезот.

Од Комисијата велат дека ги помагаат активностите за управување со границите, вклучително и за граничната инфраструктура, преку буџетот на ЕУ.

„Нашиот став е дека европските фондови не треба да се користат за финансирање на ваков тип на инфраструктура – огради или бодликава жица и судејќи според информациите што ги добиваме тоа не е така, а во тек се процедури за да се осигура дека Комисијата знае во што се вложуваат парите од европските фондови“, изјави портпаролот на комисијата на брифинг со новинарите во Брисел, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори