Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: Најостро демантирам дека лицето Смилевски изработувал, одржувал или имал било каква допирна точка со МојДДВ

Cf579d6e Fd54 4c7c 8fd1 Ece208d21b1a
Ss2

Имајќи во предвид дека штетните последици на една лажна вест не секогаш зависи од кредибилитетот на тој што ја пласира, со цел да спречам евентуално ставање на јавноста во заблуда сметам дека е неопходно да реагирам. Најостро демантирам дека лицето Дејан Смилевски изработувал, одржувал или имал било каква допирна точка со проектот/апликацијата/наградната игра – МојДДВ. Компанијата “Акцент ДООЕЛ” го изработи и одржува софтверот. Извлекувањето на наградите и нивните приматели оди преку лотариски систем-случаен избор и во него учествуваат сите кои скенирале фискални сметки. Притоа, УЈП е задолжена за процесот на скенирање на сметките, заедно со Министерството за финансии сме покровители, додека Државната Лотарија е приредувач на наградната игра. Значи, во посочениот случај нема и не може да има конфликт на интереси. Што се однесува пак до конструкциите на порталот “Република”, дали е етички исправно едно хонорарно ангажирано лице во Генералниот секретаријат на Владата да прими награда која ја добил по случаен избор, можам само да истакнам свое мислење, а тоа е дека таквата одлука е индивидуален чин и личен избор, надвор од надлежностите на УЈП. Искрено жалам што и МојДДВ, како еден од најуспешните проекти на УЈП, преку кој физичките лица за прв пат добија поврат на ДДВ, стана мета на опозицискиот систем за ширење на лажни вести и правење штета по секоја цена.

Секогаш ќе реагирам на ваквите дезинформации и Нема да дозволам компромитација на проектите кои враќаат пари кај граѓаните за некој партиски да профитира напиша фејсбук статус Сања Лукаревска .

Ss1

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години