Ромелу Лукаку го постигна својот прв гол по три месеци за да помогне Челси да го комплетира 3:1 пресвртот кај Астон вила за прв триумф по две ремија и враќање на 6 разлика зад Манчестер сити на третото место во Премиерлигата.
Рис Џејмс лошо го започна мечот за Челси, постигнувајќи си автогол во 28. минута, но само шест минути подоцна, беше досуден оправдан пенал за „сините“, кој Жоржињо сигурно го реализираше. Лукаку, кој влезе во игра во второто полувреме, во 56. минута беше несфатливо оставен сам пред голот на Емилијано Мартинез и без проблем го матираше.
Иако Челси беа под притисок во финишот на второто полувреме, во 93. минута беше досуден уште еден пенал за „сините“ по пробивот на Лукаку, и Жоржињо повторно беше сигурен од белата точка.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));
> Лукаку по „постот“ од три месеци стрелаше за Челси <