Утрински Весник
Спорт

Луд меч во Милано – По промашениот пенал ВАР го спаси Интер од пораз

Луд меч во Милано – По промашениот пенал ВАР го спаси Интер од пораз

Интер и Аталанта одиграа спектакуларен натпревар, во шестата рунда во Серија А. Натпреварот на „Џизепе Меаца“, заврши без победник 2.2.

Првиот дел мина во знакот на головите кои ги постигнаа Лаутаро Мартинез и Руслан Малиновски.

Интер одлично го отвори дербито, Лаутаро со волеј го совлада Мусо во петтата минута.

Аталанта, израмни во 30.минута. Малиновски испука ракета која заврши во мрежата на Интер.

До крајот на полувремето Аталанта постигна уште еден гол, преку капитенот Толои во 38.минута.

Во второто полувреме, Интер ја смени формација, од традиционалната 3-5-2, заигра во 4-4-2, што му донесе доминација на теренот. Ди Марко им создаде многу проблеми на фудбалерите на Аталанта.

По неговиот пробив и удар, Џеко од два метри го израмни резултатот во 71.минута.

Финишот на мечот донесе вистинска драма. Ди Марко од херој се претвори во трагичар, не успеа да реализира пенал во 85.минута.

Само три минути подоцна, Пиколи постигна гол за Аталанта, меѓутоа по интервенцијата од ВАР собата истиот беше поништен.



> Луд меч во Милано – По промашениот пенал ВАР го спаси Интер од пораз <

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами