Утрински Весник
Спорт

Лајпциг ја прегазија Херта, нов пораз на Волфсбург

Лајпциг ја прегазија Херта, нов пораз на Волфсбург
Ss2

Фудбалерите на Лајпциг ја декласираа Херта со 6:0, а победи во шестото коло забележаа Баер Леверкузен, Хофенхајм и Унион Берлин. Без победник заврши натпреварот Ајнтрахт-Келн.

Лајпциг, вице-шамоионот од минатата сезона, по заминувањето на тренерот Нагелсман, дефанзивецот Умапекано и капитенот Сабицер, лошо влезе во сезоната. Во првите пет кола, „биковите“ запишаа три порази.

300x250 (7)

Непланираните порази ги наплатија во саботата со убедливата победа над Херта. „Биковите“, испорачаа шест гола во мрежата на тимот од германската престолнина. Енкунку, Поулсен и Мукиеле погодија во првото, а Форсберг, Енкунку и Хаидара во вториот дел.

Баер, во Леверкузен, со 1:0 го поебди Мајнц. единствениот гол го постигна Вурц во 62.минута.

Баер се искачи на второто место на табелата, на кое до ова коло се наоѓаше Волфсбург.

„Волците“, дожовеаја пораз од Хофенхајм и покрај тоа што имаа предност со голот на Баку. Крамариќ, Баумгартнер и Кадержабек го режираа пресвртот за победа од 3.1.



> Лајпциг ја прегазија Херта, нов пораз на Волфсбург <

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер