Утрински Весник
Спорт

Лопетеги ќе ја напушти Севилја

Шпанскиот стручњак, Хулен Лопетеги, на крајот од сезоната ќе ја напушти Севилја.

Поранешниот тренер на Порто, Реал Мадрид и шпанската репрезентација има договор до јуни 2024 година, но од лични причини решил порано да го напушти клубот.

Тој наводно бил уморен по три исцрпувачки сезони со Севиља, со која вчера го потврди учеството во Лигата на шампионите, во наредната сезона.

Наредниот викенд, против Атлетик Билбао, Лопетеги последен пат ќе ја предводи Севиља. Најголем успех на Лопетеги е освојувањето на титулата во Лига Европа, во 2020 година.

Според новинарите на „Марка“, спортскиот директор на Севиља, Мончи веќе разговарал со можните замени на Лопетеги, а приоритет бил Диего Мартинез, кој моментално е слободен.

Поранешниот тренер на Гранада има начелен договор со Еспањол, но интересот на Севиља менува се, бидејќи повеќе е заинтересиран за проектот на „Рамон Санчез Писхуан“.

> Лопетеги ќе ја напушти Севилја <

Можете да прочитате

Бразил со гол во 95тата минута ја елиминираше Јапонија

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот