Утрински Весник
Магазин

Лопез изгледа убаво среде деловни обврски

Лопез изгледа убаво среде деловни обврски
Img 5587

Џенифер Лопез беше облечена за да остави впечаток кога се упати кон една од своите канцеларии во Лос Анџелес во вторникот.

51-годишната ентертејнерка изгледа беспрекорно во лелеав цветен летен фустан, чанта „Валентино Гаравани“ и тренди чаша за вода.

Img 5587

Во текот на својата мисија, пејачката на хитот Ain’t Your Mama излезе од автомобилот и се качи во својата канцеларија опкружена со неколку членови на тимот.

Ова се случува откако ден претходно избегна прашање во врска со нејзината романса со старо-новиот партнер Бен Афлек.

Таа се појави во емисијата „Тудеј“ во вторникот наутро преку „Зум“, а водителката Хода Кот се обиде да извлече некоја информација за нејзиниот љубовен живот.

Сè започна кога Хода ѝ рече: „Изгледаш посреќно. Морам да ти кажам, секогаш кога ќе видам фотографија од тебе и Бен, си велам: таа изгледа посреќно. Дали сме посреќни?“

Лопез не се фати на мамецот. Таа дипломатски го избегна прашањето и ѝ рече на водителката: „Јас секогаш сум среќна кога ќе те видам Хода!“

„Чекај, знаеш дека јас разговарам со тебе, го знаеш тоа“, рече Хода во видеоповикот.

„Знам“, рече Џенифер. „Можеш да ми се јавиш. Го имаш мојот број!“

Ss1

Можете да прочитате

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови