Утрински Весник
Свет

Лондон најави санкции за Москва и оружје за Киев

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас најави дека Лондон ќе продолжи да воведува нови санкции кон Москва сè додека Русија целосно не се повлече од Украина.

„Ќе продолжиме да го запираме увозот на стоки од Русија, додека не видиме дека Русија целосно се повлекува од Украина“, истакна Трас пред британските пратеници.

Таа најави и дека Велика Британија ќе продолжи да испраќа оружје во Украина.

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба