Од од 22 до 24 јули во Битола ќе се одржи 15. јубилејно издание на балканскиот етнофјужн-фестивал „Локум фест – музика и традиција“.
„Локум фест“ е фестивал што почна пред една и пол деценија (2007) во старата битолска чаршија. Самото име е изведено од конзулската традиција со локум и кафе да се пречекаат комшијата, патникот, добронамерникот и е синоним за отвореност, мултуикултурност, средба помеѓу културите. Всушност, една од главните функции на фестивалот е преку разните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, fusion, world music) да се покажат целиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола. Во тоа и успеавме.
Фестивалот ќе го отвори „Влатко Стефановски трио“ на Хераклеја (22 јули), наредниот ден (23 јули) во Пацио – НУ Завод и музеј ќе настапи Драган Даутовски со својот син Ратко Даутовски и ќе се одржи промоција на албумот Apocalypticum.
Третата вечер (24 јули) ќе се одржи на Широк сокак и старата битолска чаршија, со наслов „Распеана чаршија“. Ќе настапат КУД „Илинден“, а ќе биде отворена и изложбата „40 години Мал битолски Монмартр“.
Текстот „Локум фест – музика и традиција“ од 22 до 24 јули во Битола е превземен од МАКФАКС.