Утрински Весник
Спорт

Локатели е позитивен на коронавирус, нема да игра против Македонија

Локатели е позитивен на коронавирус, нема да игра против Македонија

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус и италијански репрезентативец, Мануел Локатели, е позитивен на Ковид-19. Поради ова тој најверојатно ќе го пропушти плејофот за пласман Светското првенство против Македонија на 24 март.

Локатели синоќа одигра 82 минути во поразот од Вилјареал (0:1) во Лигата на шампионите, а денеска појавил симптоми на коронавирусот.

Ова сигурно ќе биде голем удар за селекторот на Италија, Роберто Манчини, со оглед дека Локатели заедно со Жоргињо се носители на играта во средниот ред на „аѕурите“.

> Локатели е позитивен на коронавирус, нема да игра против Македонија <

Можете да прочитате

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен