Утрински Весник
Македонија

Ловџија ранил колега за време на лов

Ловџија ранил колега за време на лов

Педесет и четиригодишен жител на кочанското село Долни Подлог е приведен, бидејќи за време на лов вчера испукал куршум од пушка „Застава М-70“ калибар 30-06 и го погодил М.С.(55) од Кочани, нанесувајќи му повреда.

М.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Голем пожар на македонско-косовската граница, чадот се шири кон Скопје

Уапсен возачот на Игор Јанушев, барал мито за вработување

ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи