Утрински Весник
Спорт

ЛК: Шкендија против Арарат, Академија Пандев против Легија

Македонија наредната сезона во Лигата на конференции ќе настапи со три тима. Македонија ЃП ќе го прескокне првото коло, додека натпреварите од првата рунда ќе ги започнат Шкендија и Академија Пандев.

Двата клуба, попладнево, ги добија своите противници.

Ждрепката во Нион ја спои Шкендија со Арарат, а Академија Пандев со Легија Гдањск.

Шкендија првиот натпревар ќе го игра на домашен терен, а во реваншот ќе гостува во Ерменија. Академија Пандев првиот натпревар ќе го играат во Полска, а домаќин ќе биде во реваншот.

Натпреварите во првата рунда ќе се играат на 7 и 14.јули.

> ЛК: Шкендија против Арарат, Академија Пандев против Легија <

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ