Утрински Весник
Македонија

Литературно-книжевен омаж во чест на Павлинка Ѓорѓијоска во Делчево

Литературно-книжевен омаж во чест на Павлинка Ѓорѓијоска во Делчево

Делчево, 10 март 2020 (МИА) – Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ во Делчево вечерва се организираше литературно-книжевен омаж, во чест на авторот Павлинка Ѓорѓијоска. Во рамки на настанот, постхумно беше промовиран нејзиниот последен роман „Алтан“, а учесниците направија краток осврт и на останатото нејзино творештво.

Иако луѓето физички не напуштаат сепак нивните дела остануваат да живеат меѓу читателитем истакна во својот говор Миле Ѓорѓијоски, сопруг на починатата Павлинка.
-Павлинка беше заљубена во магијата на пишаниот збор, но дочека да го види само нејзиниот прв роман „Во тунелот“. Рoманите „Петра“ и „Алтан“ издадени се постумно, „Петра“ во 2016 година, додека „Алтан“ излезе минатата година. Промоцијата ја организираше на денот на роденденот на мојата сопруга, која е родена 1961 година, а почина во 2015 на 54 годишна возраст, рече Ѓорѓијоски.
Пред присутните извадоци од делата на Ѓорѓијоска читаа роднокрајните автори Лидија Дамјанова и Васил Маневски. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!