Утрински Весник
Свет

Линхарт: ЕУ мора повеќе да ја подаде раката кон Западен Балкан

Линхарт: ЕУ мора повеќе да ја подаде раката кон Западен Балкан

Западен Балкан е многу важен за новиот министер за надворешни работи на Австрија, Михаел Линхарт и тој смета дека ЕУ мора уште повеќе да ја подаде раката кон тој регион, пренесуваат медиумите во регионот.

“Западен Балкан ни е близок. ЕУ мора уште повеќе да им подаде рака на тие земји”, објаснува Линхарт за виенскиот весник Хојте.

Инаку, откако ја презеде функцијата, Линхарт ја избра Босна и Херцеговина како прва дестинација за службено патување, со што испрати сигнал дека Западен Балкан се уште е приоритет на надворешната политика на Австрија.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина