Утрински Весник
Спорт

Лидс има 6 бода по 3 кола во ПЛ, Алиоски одигра 5 минути кај Шефилд

Лидс има 6 бода по 3 кола во ПЛ, Алиоски одигра 5 минути кај Шефилд
300x250 (7)

Лидс Јунајтед, екипата предводена од Марсело Биелса каде настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски со цел плен се враќа од гостувањето кај Шефилд Јунајтед. Минимално со 1-0 Лидс го совлада домаќинот благодарение на голот кој во 88 минута го постигна Бамфорд на асистенција на Харисон.

Алиоски влезе во игра во 91 минута и ги одигра последните 5 минути од мечот.

300x250 (7)

По три одиграни кола во Премиерлигата, Лидс котира високо на табелата со 6 освоени бодови. По воведниот пораз со 4-3 на „Енфилд“, пулените на Биелса минатото коло со 4-2 славеа против Фулам, а денеска минимално победија и кај Шефилд кој остана закован на дното без ниеден бод досега, а притоа немаат постигнато ниту гол.

> Лидс има 6 бода по 3 кола во ПЛ, Алиоски одигра 5 минути кај Шефилд <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине