Утрински Весник
Спорт

Лига на нации: Италија стигна до трето место, поуспешна од ослабената Белгија

Лига на нации: Италија стигна до трето место, поуспешна од ослабената Белгија

Домаќинот на Ф4 турнирот во Лигата на нации на УЕФА – Италија стигна до третото место во одбраното друштво.

Избраниците на Роберто Манчини предмалку со 2-1 ја совладаа селекцијата на Белгија во Торино во меч без преголемо резултатско значење откако завчера и двете селекции беа поразени од Шпанија, односно Франција.

„Азурите“ кои играа на свој терен имаа предност пред „ѓаволите“ кои настапија на овој меч без вде големи ѕвезди – Ромелу Лукаку и Еден Азар.

Иако Белгијците имаа поголем посед на топката, сепак Италијанците имаа повеќе шанси за гол.

Откако во првите 45 минути мрежите мируваа, на самиот старт на вториот дел Барела ги донесе домаќините во водство, откако со одмерен удар собра еден отпадок на работ на шеснаесетникот.

Во 65 минута индиферентните Белгијци им создадоа можноста на Италијанците за зголемување на водството. Кастањ направи пенал, а сигурен реализатор беше Берарди за 2-0.

Во 82 минута Караско се закани, ја погоди стативата, а 5 минути подоцна беше поставе конечниот резултат.

Нововлезениот Шарл де Кетелер погоди за 2-1, но тоа е се што првопласираната селекција на ранг листата на ФИФА успеа да направи на овој меч.

> Лига на нации: Италија стигна до трето место, поуспешна од ослабената Белгија <

Можете да прочитате

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата

Баер Леверкузен до историската шампионска титула во Бундеслигата стигна без пораз

Ферстапен на пол-позицијата во Имола