Утрински Весник
Спорт

Лигата на шампионите ќе се доигра за 20 дена

Резултати и стрелци од второто квалификациско за Лигата на шампионите

Лисабон, 10 јуни 2020 (МИА) – УЕФА е во последна фаза од подготвување план за крајот на сезоната во ЛШ, тврди „РМЦ Спорт“.

Според информациите, преостанатите натпревари на турнирот ќе се одржат во 20-дневен период помеѓу 3 и 23 август.

Останатите реванши од осминафиналето ќе се одржат помеѓу 3 и 10 август. Потоа четвртфиналето, кое ќе започне на 12 август, а полуфиналето, кое ќе биде на 15 и 16 август, ќе се игра на само еден натпревар без реванш. Финалето е закажано за 23 август во 21 часот по македонско време.

Сите натпревари се очекува да се играат во Лисабон, со Франкфурт како резервна варијанта.
Натпреварот за трофејот во Лигата на Европа ќе биде на 21 август, исто така во 21 часот по наше време.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри