Утрински Весник
Спорт

Ливерпул го испрати Грујиќ во Порто

Ливерпул го испрати Грујиќ во Порто

Доцна синоќа српскиот репрезентативец Марко Грујиќ го напушти Ливерпул и се пресели во Порто. Преодниот рок во Португалија трае до 25 октомври, а Порто навреме го регистрираше Грујиќ за Лигата на шампионите.

Ливерпул и Прото се договориле Грујиќ оваа сезона да биде позајмен на „Драгао“. Претходните две сезони овој фудбалер играше во Херта, а од почетокот на сезоната настапи на два натпревари во Лига купот за Ливерпул, успеа да постигне и еден гол.

Грујиќ е играч на Ливерпул од 2016 година, кога за неговиот трансфер на Црвена звезда и плати 7.000.000 евра.

Инаку Порто неколку часа пред Грујиќ го донесе во своите редови и Фелипе Андерсон од Вест Хем.

> Ливерпул го испрати Грујиќ во Порто <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина