Утрински Весник
Свет

Либискиот премиер преживеа атентат

Либискиот премиер преживеа атентат

Премиерот на Либија преживеа атентат, јави рано утринава локална телевизија, а пренесуваат и светските медиуми.

Кон него наводно било испукано поголемо количество куршуми, а три завршиле во неговиот автомобил.

Според медиумите, премиерот Абудл Хамил ал Дбејбех поминал без повреди.

Напаѓачите засега не се фатени или идентификувани, пренесува „Спутник“.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа