Утрински Весник
Свет

Ле Пен се повлекува од раководството на партијата

Марин Ле Пен – претседателката на Националното собрание најави дека ќе поднесе оставка од раководството на партијата. Рече дека сега сака да се посвети на водењето на пратеничката група во новото свикување на францускиот парламент.

Ле Пен ова го изјави за ТВ „БФМ“ откако нејзината десничарска партија постигна историски резултат од освоените 89 пратенички места во вториот круг од парламентарните избори одржани вчера во Франција.

Коалицијата „Заедно“ на францускиот претседател Емануел Макрон на парламентарните избори не успеа да го задржи апсолутното мнозинство во Долниот дом. Наместо потребните 289 места, освоија 245 места во Парламентот кој има 577 места.

Левичарската коалиција, пак, освои 131 место.

Можете да прочитате

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

Багеи: Американските предлози се нереални, нелегални и претерани

Трамп се закани: Ако Хормуз веднаш не се отвори Иран ќе биде целосно уништен