Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лео Меси и официјално е нов играч на Пари Сен-Жермен

Лео Меси и официјално е нов играч на Пари Сен-Жермен
300x250 opst2

Веќе нема сомнеж, Лео Меси е нов играч на Пари Сен-Жермен, се пофали францускиот гигант на својата официјална страница.

Таткото на Меси, и негов агент, Хорхе веќе потврди дека неговиот син потпишува за ПСЖ, каде што му обезбеди двегодишен договор со опција за уште една сезона. Меси ќе прифати намалување на платата од речиси 50 отсто, и ќе добива околу 35 милиони евра по сезона.

Со ова се става крај на неговата кариера во Барселона, од чија школа започна како 13-годишник, за да стане најдобриот фудбалер на денешницата, освојувајќи шест „Златни топки“. За Барселона тој одигра 778 натпревари и постигна 672 гола, освојувајќи 10 титули во Ла лига, 4 титули од Лигата на шампионите и 7 од Кралскиот куп.

> Лео Меси и официјално е нов играч на Пари Сен-Жермен <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг