Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Леклер и Ферари изненадија на тренингот во Холандија, големи проблеми за Хамилтон и Мерцедес

Леклер и Ферари изненадија на тренингот во Холандија, големи проблеми за Хамилтон и Мерцедес
Img 7972

Шарл Леклер во Ферари направи изненадување на вториот тренинг во Цандфорт пред Холандското ГП, поставувајќи најбрзо време, додека лидерот во генерален пласман, Луис Хамилтон имаше крајно фрустрирачка сесија во која комплетираше само три круга.

По само три минути во сесијата, Хамилтон го извести својот тим дека останал без моќ во моторот и го сопре болидот на осмата кривина. Ова беше втор проблем со моторот на Мерцедес во петокот, откако Себастијан Фетел имаше слични проблеми во Астон Мартин во првата сесија.

Леклер го постави својот најбрз круг на 20 минути пред крајот со 1:10.902, победувајќи го својот колега Карлос Саинс Јуниор за само 0.154 секунди, најавувајќи дека италијанскиот тим може да биде изненадување овој викенд.

Естебан Окон заврши како трет за Аплине за 0.058 секунди побрз од Валтери Ботас на четвртото место во вториот Мерцедес, додека херојот на домашната публика, Макс Ферстапен беше само петти. Во топ 10 беа уште Фернандо Алонсо (Алпине), Пјер Гасли (Алфа Таури), Лендо Норис  (Мекларен), Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) и Фетел (Астон Мартин).

> Леклер и Ферари изненадија на тренингот во Холандија, големи проблеми за Хамилтон и Мерцедес <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН