Утрински Весник
Спорт

Креспо им порача на Милан: Уште се сеќавам, да се одмаздите на Ливерпул

Креспо им порача на Милан: Уште се сеќавам, да се одмаздите на Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Милан, Аргентинеот Ерна Креспо верува дкеа „росонерите“ можат до титлата од Серија А и им порача на играчите на им се одмаздат на Ливерпул во Лигата на шампионите. Креспо, кој играше и во Интер и во Парма во Италија, смета дека Стефано Пиоли може да го предводи тимот до титулата.

„Подготвени се за скудетото, иако не се фаворити. Имаа умен преоден рок што не е изненадување бидејќи мојот добар пријател Паоло Малдини навистина го познава фудбалот. Јувентус и Интер се фаворити, но Милан може да се натпреварува. Немаат освоено нешто многу долго време и сакаат да направат чудо“, вели Креспо за „Ла газета дело спорт“.

Милан исто така се враќаат во ЛШ оваа сезона првпат по седум години и ќе почнат против Ливерпул на 15 септември на „Енфилд“. Креспо  уште се сеќава на финалето од ЛШ во 2005, кога Милан имаше 3:0 водство во Истанбул, за да загуби на пенали.

„Тоа е уште отворена рана за мене. Ливерпул-Милан е првиот меч оваа сезона и значи многу за нас. Постигнав два гола во тоа прво полувреме и никогаш не ја заборавив таа ноќ. Иако веќе се одмаздија во финалето во 2007, сега барам од момците на Пиоли да ги победат на ‘Енфилд’, да се одмаздат и да покажат што е Милан“, вели Креспо.

> Креспо им порача на Милан: Уште се сеќавам, да се одмаздите на Ливерпул <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0