Утрински Весник
Свет

Лекарска грешка во Австрија: Здравата простата му ја замениле со друга со карцином

Лекарска грешка во Австрија: Здравата простата му ја замениле со друга со карцином

На Универзитетската клиника „Кеплер“ во Линц се случила ужасна медицинска грешка, поради која била отстранета здрава простата од еден пациент.

Според извештаите во медиумите, дошло до земена на примероците од двајца пациенти, поради сомнежи за карцином.

Од клиниката велат дека сè уште не е јасно како се случила замената на примероците, па случајот бил проследен до обвинителството.

„Жал ни е за поради овој настан и веќе ги информиравме засегнатите пациенти за замената“, рече директорот на болницата Карл-Хајнц Штадлбауер.

Пациентот кој добил позитивна дијагноза на рак го продолжил третманот.

Станува збор за случај од ноември, кога била направена биопсија на двајца пациенти, а примероците биле испратени на патологија во Ерланген во Германија, објасни шефот на Одделот за урологија, Франц-Штефен Краузе.

Резултатите од анализата покажале дека еден пациент има рак на простата, а другот не.

Можете да прочитате

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром