Утрински Весник
Свет

Ледено утро во Хрватска – температури до минус 15 и силни ветрови

Ледено утро во Хрватска – температури до минус 15 и силни ветрови

Делови од Хрватска утрово осамнаа оковани во мраз, а температурата е од минус 10 во Загорје до минус 15 на Плашки.

Метеоролозите најавуваат затоплување за утре.

Најстудено е во планинските предели на Хрватска, така што Огулин, Оточац и Босиљево имаат минус 12.

Снег има претежно во планинските предели, околу 20 сантиметри, а поради бурниот ветер затворени се делници од патиштата, претежно на крајбрежјето.

Сè уште е на сила црвеното предупредување на Метеоалармот за Велебитскиот канал каде се можни удари на ветер до 165 км/ч.

Голем дел од Загреб остана без струја повеќе од еден час пред зори. Дефектот е отстранет во раните утрински часови, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

„Загреб холдинг“ објави дека поради дефект во напојувањето во зоната Љубљаница, трамвајскиот сообраќај е во застој во западниот дел на градот.

Можете да прочитате

Трамп: Ги уништивме иранските глисери тоа е сè што им остана

Автомобил се заби во луѓе во Лајпциг: Двајца мртви, многу повредени

Иран: Пукавме кон американски разорувач