Утрински Весник
Спорт

Лева и Баерн се „прошетаа“ на „Ноу Камп“, Лукаку пак човек на одлука за шампионот Челси

Лева и Баерн се „прошетаа“ на „Ноу Камп“, Лукаку пак човек на одлука за шампионот Челси

Навивачите на Барселона кои очекуваа и покрај тоа што клубот е значително ослабен по катастрофалното лето да има слатка одмазда против Баерн Минхен, на крајот останаа разочарани, откако германскиот шампион стигна до рутинска 0:3 победа пред 40 илјади домашни каталонски фанови.

Иако резултатот не беше драстичен како 8:2 победата од пред две години, Баерн ја продолжи доминацијата во мечевите со Барселона во ЛШ – во 13 меча, имаат 8 победи против каталонскиот тим. За среќа, Барселона го имаа на голот расположениот Марк-Андре Тер Штеген, без кого поразот можеше да биде и поголем.

Томас Милер, еден ден по неговиот 32. роденден, го постигна својот 7. гол во мечевите против Барса во кариерата во 33. минута, пред Роберт Левандовски во 56. минута да го потврди триумфот, и во 85. минута само стави сол на раните на домаќините. Левандовски е во неверојатна форма со дури 18 меча едноподруго во кои постигнал барем еден гол.

Актуелниот шампион, Челси, пак, дури во 69. минута го скрши отпорот на Зенит Санкт Петерсбург на „Стемфорд Бриџ“, кога Ромелу Лукаку го продолжи одличниот камбек во својот стар клуб. Во истата група Г, Јувентус уште во првото полувреме го „реши“ Малме за 0:4 победа и кревање на моралот по лошиот старт на домашниот шампионат.

Најинтересно беше на „Керамика“, каде што Вилјареал и Аталанта одиграа одличен меч кој заврши 2:2.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА Е

Барселона – Баерн Минхен 0:3

Динамо Киев – Бенфика 1:0

ГРУПА Ф

Вилјареал – Аталанта 2:2

ГРУПА Г

Лил – Волфсбург 0:0

ГРУПА Х

Челси – Зенит Санкт Петерсбург 1:0

Малме – Јувентус 0:4

БАРСЕЛОНА – БАЕРН

ЧЕЛСИ – ЗЕНИТ

МАЛМЕ – ЈУВЕНТУС

ВИЛЈАРЕАЛ – АТАЛАНТА

> Лева и Баерн се „прошетаа“ на „Ноу Камп“, Лукаку пак човек на одлука за шампионот Челси <

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами