Утрински Весник
Спорт

Левандовски: Во Лигата на шампионите сакаме да играме уште подобро

Хет-трик на Левандовски за триумф на Баерн над Шалке

Минхен, 17 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски призна дека е тешко да се слави шампионатот без навивачи. Тимот од Минхен вчеравечер го надигра Вердер Бремен во 32-то коло и го обезбеди првото место.

– Ние сме шампиони на Германија. Се разбира, тоа е доста тешко да се слави без навивачи. Недостасува страст, но ние сме задоволни. Беше тешка сезона, долго се боревме за титулата. Се надевам дека наскоро ќе можеме да славиме со навивачите на стадионот.

Покажавме дека сме најдобриот тим во Германија. Во ЛШ сакаме да играме уште подобро, нагласи Левандовски.

На Баерн во ЛШ му останува да го потврди пласманот во четвртфиналето, бидејќи во првиот осминафинален дуел го совлада Челзи на гости со 3:0. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028