Утрински Весник
Спорт

Леброн: Подмладени сме, ама можеме да ја одбраниме титулата

Леброн: Подмладени сме, ама можеме да ја одбраниме титулата

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс е уверен дека и новиот, подмладен состав на „езерџиите“ е кадарен да ја одбрани титулата во НБА лигата.

Лејкерси во новата сезона која започнува за 20 дена влегуваат со изменет состав. Ќе ги нема Дени Грин, Двајт Хауард, Ражон Рондо, Џавел Мекги и Квин Кук, но засилени за Денис Шредер, Монтрез Харел и Марк Гасол.

„Тимот е подмладен. Дојдоа Шредер и Харел, тука е и Марк, фантастичен одбранбен играч со неверојатна интелегенција. Мислам дека можеме да го одбраниме прстенот. Можеме тоа да го направиме, но ќе мора да имаме и малку среќа на тој пат. Пред се, да останеме здрави во текот на целата сезона“ рече Џејмс.

„Езерџиите“ претсезоната ја стартуваат на 11 декември, на стартот два меча против Клиперси, па следува Феникс Санс.

За потсетување, минатата сезона стигнаа до титулата откако во финалето беа подобри со 4-2 во победи од Мајами Хит.

> Леброн: Подмладени сме, ама можеме да ја одбраниме титулата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид