Утрински Весник
Спорт

Ла Лига го затвори „случајот Дијакаби“ – Нема доказ за расизам

Ла Лига го затвори „случајот Дијакаби“ – Нема доказ за расизам

Нема доказ дека играчот на Кадиз, Хуна Кала, расистички го навредил фудбалерот на Валенсија, Муктар Дијакаби, објави Ла Лига. Во неделата, Дијакаби, а потоа и целиот тим на Валенсија, го напуштија теренот во Кадиз, бидејќи Кала на Дијакаби му се обратил со зборовите: „црне..о гом.о, сега повторно ќе плачеш“.

Шпанската јавност, секојдневно се занимаваше со овој случај, во вторникот, Кала на прес-конференција негираше дека го навредил противникот и порача дека јавноста „тргна во лов на вештерки“. На овој прес, од Валенсија, одговорија со зборовите: „Лажеш, не ти веруваме“.

Ла Лига тврди дека спровеле темелна истрага и дека не нашле никаков доказ дека Кала со тие зборови му се обратил на Дијакаби.

Одлуката ќе предизвика различни реакции кај клубовите, а извесно е дека најмалку задоволен ќе биде Дијакаби, кој со солзи во очите го напушти теренот во Кадиз.

> Ла Лига го затвори „случајот Дијакаби“ – Нема доказ за расизам <

Можете да прочитате

Тим се пензионира на крајот на сезоната

Борусија ќе заработи повеќе ако загуби од Реал во финалето

Проблем за ФИФА – Фудбалерите се заканија со тужба