Утрински Весник
Спорт

Лајпциг го совлада Мајнц со вкупни 13:0 во двата натпревара за втор најдобар резултат во историјата на Бундеслигата

Лајпциг го совлада Мајнц со вкупни 13:0 во двата натпревара за втор најдобар резултат во историјата на Бундеслигата

Мајнц, 24 мај 2020 (МИА) – Тимот на Лајпциг попладнево го совлада Мајнц со 5:0 во дуелот од 27-то коло од Бундеслигата. Ова е втора победа на тимот предводен од тренерот Јулијан Нагелсман над Мајнц оваа сезона во германската Бундеслига. Во првиот меѓусебен дуел беше 8:0.

Конечниот резултат од 13:0 вкупно на двете средби е втор резултат во историјата на Германското фудбалско првенство.

Најголемата разлика на два натпревари е забележана во сезоната 1984/85, кога Борусија Менхенгладбах го совлада Ајнтрахт од Брауншвајг со вкупен резултат 14 0 (10:0 и 4:0). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0