Утрински Весник
Спорт

Лајпциг бараат 15 милиони евра за Нагелсман

Лајпциг бараат 15 милиони евра за Нагелсман

Јулијан Нагелсман, најдобриот млад тренер во светот, изминатиот период се поврзува најчесто со Баерн Минхен и со Реал Мадрид, доколку Зинедин Зидан си замине по завршувањето на сеозната.

Вчера, германските медиуми, објавија дека Нагелсман ќе го наследи Ханс-Дитер Флик на клупата на Флик. Тренерот на Баерн е во лоши односи со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, поради што размислувал да го напушти Баерн.

Лајпциг се подготвени да останат без Нагелсман, но само под услов Баерн или некој друг клуб да им плати 15 милиони евра, како обесштетување. Во случај Нагелсман да замине, во лајпциг ќе пристигне Џек Марш од сестринскиот клуб Салцбург.

> Лајпциг бараат 15 милиони евра за Нагелсман <

Можете да прочитате

РК Охрид вечерва го игра првиот дуел од финалето во ЕХФ Европскиот куп

Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации