Утрински Весник
Спорт

Лацио лесно ја освои Сардинија

Лацио лесно ја освои Сардинија

Лацио забележа лесна и убедлива победа на гостувањето кај Каљари. Екипата на Мурицио Сари победи со 3:0 и остана во трката со екипите кои се борат за местата во европските купови.

Серијата голови на Сардинија ја отвори најдобриот стрелец на Лацио, Чиро Имобиле во 19.минута. Победата Лацио ја обезбеди во финишот на првото полувреме, кога Луис Алберто го постигна вториот гол.

Конечниот резултат го постави Фелипе Андерсон во 62.минута.

Лацио натпреварот го заврши со фудбалер помалку. Во 89.минута Адам Марушиќ го доби вториот жолт картон.

Лацио се седми на табелата со 46 бода, Каљари се на 17.место со три бода повеќе од опасната зона.



> Лацио лесно ја освои Сардинија <

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ