Утрински Весник
Спорт

Лауреус ги објави номинациите за престижната награда

Лауреус ги објави номинациите за престижната награда
Screenshot

Лауреус ја објави листата на номинирани за оваа престижна награда.

За титулата „спортист на годината“, номинирани се Новак Ѓоковиќ (тенис), Том Брејди американски фудбал), Кејлеб Дресел (пливање), Елијуд Кипчоге (атлетика), Роберт Левандовски (фудбал) и Макс Ферстапен (Формула 1).

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Во конкуренција за „спортистка на годината“ се Ешли Барти (тенис), Алисон Феликс (атлетика), Кејти Ледецки (пливање), Ема Мекион (пливање), Илејн Томпсон Хера (атлетика).

Кнадидати за тим на годината се фудбалската репрезентација на Аргентина, женскиот фудбалски клуб Барселона, олимпискиот тим на Канада во скокови во вода, НБА шампионите Милвоки Бакс, фудбалската репрезентација на Италија и тимот на Мерцедес во Формула 1.

За наградата, кам-бек на годината, конкурираат Симон Бајлс (гимнастика), Скај Браун (скејтборд), Марк Кевендиш (велосипедизам), Том Дејли (скокови во вода), Марк Маркез (Мото ГП) и Анемик ван Влојтен (велосипедизам).

Лауреатите ќе бидат познати на почетокот на арил.

> Лауреус ги објави номинациите за престижната награда <

Можете да прочитате

Реал Мадрид со проблеми пред финалето на ЛШ

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!